ЛА Галакси стана шампион во МЛС по рекорден шести пат
- Екипата на Лос Анџелес галакси ноќеска го победи Њујорк ред булс со 2:1 во финалето на плејофот на американската лига - МЛС.

Лос Анџелес, 8 декември 2024 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес галакси ноќеска го победи Њујорк ред булс со 2:1 во финалето на плејофот на американската лига - МЛС.
Џозеф Пејнтсил и Дејан Јовелиќ беа стрелци на головите за домаќините, Шон Нилис погоди за Њујорк.
Лос Анџелес Галакси по шести пат го освои фудбалското првенство на САД. Ова е рекорд меѓу тимовите во лигата.
Претходно, тимот последен пат ја освои титулата во 2014 година. зс/
Фото: ЕПА