Лајчак: На земјите од Западен Балкан е да го искористат моментот во ЕУ и да се приближат до членството
- Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вечерва во Атина изјави дека на земјите од Западен Балкан е да го искористат моменталниот момент што постои во ЕУ по повод проширувањето и да се приближат до членството во тој европски блок.
Атина, 17 јуни 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вечерва во Атина изјави дека на земјите од Западен Балкан е да го искористат моменталниот момент што постои во ЕУ по повод проширувањето и да се приближат до членството во тој европски блок.
„Ако се сеќавате на самитот во Солун во 2003 година, кога лидерите на ЕУ одлучија Западен Балкан да се приклучи во ЕУ, никој од тогашните лидери не мислеше дека 20 години подоцна само една земја, Хрватска, ќе влезе во ЕУ, а останатите шест не се дури ни блиску Ова значи дека нешто не е во ред“, рече Лајчак на панелот „Пристапните перспективи на Западен Балкан и нивната важност за иднината на Европа. Дали сме во период на стагнација или изградба на нов моментум?, во рамки на Меѓународната конференција „Мир и одржлив развој“.
Тој вели дека одговорноста за ваквата состојба е на двете страни – ЕУ, но и на земјите од Западен Балкан. рп/
Фото: МИА архива