• среда, 27 ноември 2024

Лајчак најави одвоени разговори со преговарачите од Белград и Приштина

Лајчак најави одвоени разговори со преговарачите од Белград и Приштина

Брисел, 11 декември 2023 (МИА) - Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак објави дека во текот на изминатите денови во Брисел тој и неговиот тим се подготвувале за претстојните одвоени разговори со главните преговарачи на Белград и Приштина.

Лајчак во прегледот на активностите минатата недела што го објави на својата Фејсбук страница, изјави дека имал отворена размена на мислења со членовите на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг, кои биле во посета на ЕУ.

„Разговаравме за новиот поттик за проширувањето на ЕУ и ги информирав за состојбата на дијалогот и следните чекори. Благодарен сум на Германија за силната поддршка на мојата работа, нивната вклученост на Балканот и нивната посветеност на европската иднина од целиот регион“, рече Лајчак.
Лајчак изјави дека е поканет да зборува на панел организиран како дел од годишниот самит на пријатели на Европа - ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
 
„Во моето обраќање истакнав дека за првпат во последно време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да се искористи можноста за подобрување на европската интеграција на Западен Балкан“, нагласи тој.

Лајчак напиша и дека се сретнал со американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.
 
„Секогаш е корисно да се споредуваат белешките и да се планираат следните чекори. Благодарен сум за одличната соработка меѓу ЕУ и САД за дијалогот“, посочи тој. зш/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан