• четврток, 03 октомври 2024

Лашкоска: Споредбените анализи ни помагаат во дефинирање на приоритетите, перспективите и потенцијалот за конкурентност на Северна Македонија

Лашкоска: Споредбените анализи ни помагаат во дефинирање на приоритетите, перспективите и потенцијалот за конкурентност на Северна Македонија

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори настанот „Изгледите за конкурентност на Западен Балкан за 2024 година“ на кој биле презентирани специфичните клучни наоди за економскиот профил на нашата држава од евалуацијата спроведена во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

- Од страната на МЖСПП, имплементираме многу проекти подржувани од ЕУ преку ИПА програмата, меѓу кои имаме и големи инфраструктурни проекти вклучени во националните стратегии, за кои е потребна здрава економија, истакнала Лашкоска во своето обраќање.

Според неа, МЖСПП веќе има постигнато значителен напредок во областа на животната средина, но, остануваат уште многу предизвици во спроведувањето на проектите и политките.

- Затоа алатката создадена од податоците пренесени од евалуцијата, ќе ни покаже во кои области ќе треба да ставиме приоритет. Таа евалуација ќе ни даде можност да се споредиме со другите земји од регионот, но и со земјите членки на ЕУ и ОЕЦД во правец на подобрување на нашите општи политики за владеење, рекла заменик министерката.

На настанот се дискутирало за главните постигнувања и предизвици во економијата на нашата земја, за перспективите и потенцијалот за конкурентност на Северна Македонија, поттикнувањето на одржлив раст и забрзување на нејзиното приближување кон земјите членки на ЕУ и ОЕЦД.

Дискусиите биле насочени и кон економските перформанси во политиките за животна средина и споделувањето на најновите насоки и стандарди за политики на ОЕЦД. сст/дма/

Фото:МЖСПП

 

 

 


 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан