• среда, 25 декември 2024

Лашет: Вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин

Лашет: Вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин
Берлин, 10 август 2021 (МИА) - Германската Влада поради ситуацијата со Ковид-19  во земјата и во светот соопшти дека вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин. Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, денеска изјави дека Германија мора да ги зголеми тестирањата и вакцинацијата за да избегне уште едно затворање поради Ковид-19. На помалку од седум недели пред федералните избори, канцеларката Ангела Меркел и лидерите на 16 федерални држави ќе се обидат да се договорат за мерките за да се избегне нов бран инфекции, предизвикани од позаразниот делта сој, а со тоа да се спречат непопуларни ограничувања. - Сакаме и ќе тестираме уште повеќе за да избегнеме ново затворање, истакна Лашет, кој е и кандидат за наследник на Меркел. Нацрт-документот подготвен за денешните разговори сугерира дека луѓето кои не биле вакцинирани или заболени од оваа болест мора да имаат негативен тест на Ковид-19 за да можат да влезат во рестораните, да учествуваат во верски церемонии и да спортуваат во затворени простории. Според документот предложен во октомври, бесплатните тестови за коронавирус треба да се укинат во обид да се поттикнат повеќе луѓе да се вакцинираат, откако Германија во март обезбеди бесплатни тестови за сите за да го забрза враќањето во нормален живот по заклучувањето и завршувањето на третиот бран на Ковид 19. Досега во Германија вакцинирани се околу 55 проценти од граѓаните се се целосно имунизирани, но во моментот значително е забавено темпото на вакцинација. ми/

Остани поврзан