• понеделник, 23 декември 2024

Лацио одбил 140 милиони евра за Милинковиќ - Савиќ

Лацио одбил 140 милиони евра за Милинковиќ - Савиќ
Рим, 10 мај 2022 (МИА) - Претседателот на италијанскиот прволигаш Лацио, Клаудио Лотито денеска изјави оти српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ - Савиќ не е на продажба, но оти би можел да замине од клубот доколку самиот го побара тоа. - Секогаш се зборува само за пари. Јас говорам за техничките и лични квалитети на моите играчи. Сергеј не е на продажба. Никогаш не сакав да го продадам. Дали сте виделе на него знак на кој пишува „Се продава“?, изјави Лотито за порталот „Гол“ (Goal.com). Првиот човек на Лацио, меѓутоа, додаде дека доколку се појави интерес од врвен клуб, тој е подготвен да разговара со српскиот фудбалер пред да донесе каква и да е одлука. - Многу го ценам Сергеј, имам одличен однос со него. Доколку голем клуб покаже интерес, би го прашал каква ќе биде неговата желба. Во мојот клуб приоритет се човечките односи, а не парите. Денес постои проблем во однос на почитување на човекот и играчот. Одбив понуда од 140 милиони евра за Сергеј, изјави Лотито. ег/ми/

Остани поврзан