Лаутаро за победата над Чиле: Аргентина е среќна затоа што на крајот освоивме три бода
- Напаѓачот на Аргентина, Лаутаро Мартинез е задоволен по втората победа на неговата репрезентација на Копа Америка.

Њујорк, 26 јуни 2024 (МИА) - Фудбалерот на Аргентина, Лаутаро Мартинез е задоволен по втората победа на неговата репрезентација на Копа Америка.
Токму Мартинез беше стрелец на единствениот погодок на натпреварот против Чиле одигран ноќеска во Ист Радерфорд
-Одигравме тежок натпревар и успеавме да победиме. Среќни сме затоа што на крајот денеска ги однесовме трите бода, нешто што го посакувавме. Моето семејство е тука и играм за нив, изјави Мартинез.
Аргентинците со максимални шест бода се на првото место во групата А. Чилеанците се на последното место со еден бод. зс/
Фото: ЕПА