Лапорт го пропушта стартот на Премиер лигата поради повреда
- Дефанзивецот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Ејмерик Лапорт (28), го оперираше коленото и ќе отсуствува од теренот неколку месеци.

Манчестер, 30 јули 2022 (МИА) – Дефанзивецот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Ејмерик Лапорт (28), го оперираше коленото и ќе отсуствува од теренот неколку месеци.
Лапорт поради повреда ја пропушти претсезонската турнеја на Сити во САД и натпреварите против Клуб Америка и Баерн Минхен.
- Лапорт е повреден и беше опериран, засега се чувствува добро, изјави тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола пред денешниот натпревар за трофејот во „Комјунити Шилд“ против Ливерпул.
- Мораме да бидеме внимателни, бидејќи станува збор за неговото колено. Доколку сè биде во ред, ќе почне со тренинзи во септември, додаде Гвардиола. ег/паг/