• сабота, 23 ноември 2024

Ландо Норис ограбен по финалето на ЕУРО2020 на „Вембли“

Ландо Норис ограбен по финалето на ЕУРО2020 на „Вембли“
Лондон, 13 јули 2021 (МИА) – Разбојник го нападнал и ограбиле возачот во Формула 1 Ландо Норис по финалниот натпревар на Европското првенство меѓу Италија и Англија што во неделата се одигра на стадионот „Вембли“ во Лондон, јавија денеска светските медиуми. Британскиот возач и неговиот тим „Мекларен“ го потврдија инцидентот, наведувајќи дека Норис, за среќа, минал без повреди. Разбојникот го нападнал Норис на паркингот на „Вембли“ и му одзел рачен часовник од марката „Ришар Мил“ вреден околу 55.000 евра. На денот на одигрување на финалниот натпревар на Европското фудбалско првенство се случија неколку инциденти околу стадионот „Вембли“ поради што британската јавност ги критикуваше како недоволни преземените мерки за безбедност. Британската полиција уапси вкупно 53 лица во инцидентите околу стадионот „Вембли“ за време на финалниот натпревар. ег/паг/

Остани поврзан