• петок, 27 декември 2024

Лампард на уште една средба со челниците на Евертон

Лампард на уште една средба со челниците на Евертон
Лондон, 27 јануари 2022 (МИА) - Поранешниот менаџер на Челзи, Френк Лампард би можел да го преземе Евертон. Според „The ​​Telegraph“, денес Англичанецот ќе има второ интервју со раководството на Евертон. Шефовите на „карамелите“ сериозно ја разгледуваат опцијата да го назначат Лампард за главен тренер. Евертон преговараше и со поранешниот тренер на Порто и Олимпијакос, Витор Переира, а неговото евентуално назначување разбесни некои од навивачите на клубот. Да потсетиме дека Лампард е без работа повеќе од една година, сака да води еден од клубовите во Премиер лигата. Тој претходно беше во преговори со Кристал Палас, Астон Вила и Норвич, но од различни причини никогаш не беше ангажиран во ниту еден од тие клубови. Минатата недела надлежните од Евертон ја одржаа првата средба со Лампард. зс/

Остани поврзан