Ламело Бол избран за најдобар „руки“ во НБА лигата
- Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол, е избран за најдобар дебитант во НБА лигата, станувајќи со тоа само третиот играч во историјата на франшизата, кој ја освоил оваа титула, по Лари Џонсон (199

Њујорк, 17 јуни 2021 (МИА) – Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол, е избран за најдобар дебитант во НБА лигата, станувајќи со тоа само третиот играч во историјата на франшизата, кој ја освоил оваа титула, по Лари Џонсон (1991/92) и Емека Окафоро (2004/05).
Деветнаесетгодишниот Бол освои 465 поени во гласањето на 99 спортисти и телевизиски куќи, завршувајќи во изборот пред Тајрес Халибартон (Сакраменто) и Ентони Едвардс (Минесота).
Третиот избор на Шарлот на минатогодишниот драфт, Бол имаше просек од 15.7 поени по натпревар, 6.1 асистенции и 5.9 скокови. Поради повреда на зглобот попушти многу натпревари, а кога се врати на теренот на крајот од март, во последните 11 натпревари просечно постигнуваше по 15 поени, со шест асистенции и 5.7 скокови. ег/зс/