• понеделник, 23 декември 2024

Ламела по три години заминува од Севиља

Ламела по три години заминува од Севиља


Севиља, 29 мај 2024 (МИА) – Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Ерик Ламела (32) по три години ги напушти редовите на шпанскиот прволигаш Севиља.
Ламела пристигна во Севиља во 2021 година од Тотенхем и постигна 16 голови на 92 настапи за клубот од Андалузија.
„Како и сите збогувања, во овој момент е малку тажно, но како голем професионалец разбирам дека ваквите моменти доаѓаат и тие циклуси завршуваат“, изјави Ламела во видео објавено на клупската веб-страница.
„Кога ја освоивме Лигата на Европа, тоа беше причината поради која овој клуб влезе во моето срце. Никогаш нема да го заборавам“, додаде тој.
Ламела помина осум сезони во Тотенхем, а го носеше и дресот на Рома и Ривер Плата.
За аргентинската репрезентација забележа 25 настапи и постигна три голови. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан