• среда, 28 август 2024

Лалана го продолжи договорот со Ливерпул, ќе добие шампионски медал

Лалана го продолжи договорот со Ливерпул, ќе добие шампионски медал
Ливерпул, 9 јуни 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана повторно стави потпис на нов краткорочен договор со Ливерпул до крајот на оваа сезона, официјално беше објавено на веб-страницата на клубот. На овој начин, играчот ќе може да учествува на прославите на крунисувањето на тимот за шампион на Англија. Тековниот договор на играчот беше до крајот на месецот, а тој се очекува да се пресели во Лестер по крајот на кампањата, и покрај интересот од Тотенхем, Арсенал, Бурнемут и Барнли. Англичанецот веќе 6 години игра за тимот од Мерсисајд и важи за една од водечките фигури во соблекувалната на Јирген Клоп. Германскиот стратег изјави дека сака да се потпира на својот играч за претстојните 9 натпревари до крајот на сезоната и од оваа причина е постигнат договор. Лалана има забележано 22 натпревари, од кои 15 во Премиер лигата, и спокојно ќе може да освои медал, доколку „црвените“ станат шампиони за прв пат од 1990 година.

Тагови

Остани поврзан