• вторник, 24 декември 2024

Лазов: Додека во сите земји целиот здравствен систем е насочен на лечење на граѓаните со коронавирус, Филипче продолжува со л аги

Лазов: Додека во сите земји целиот здравствен систем е насочен на лечење на граѓаните со коронавирус, Филипче продолжува со л аги
Скопје, 1 февруари 2021 Додека во сите земји целиот здравствен систем е насочен на превенирање и лечење на граѓаните со корона вирус, а паралелно се одвива процесот на вакцинација, Филипче продолжува само со лаги. Секако, и во реализација на неговиот приотет, а тоа се неговите лични интереси и интереси на Заев и неговата екипа. Така, додека во сите земји стигнува веќе третата тура од вакцини, додека граѓаните можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат, кај нас на големо има распродажба на области од здравството. Во 2019 година Филипче стартуваше со физибилити студии за еден вид на приватизација на лабораториите, Итната медицинска помош, стерилизацијата и слично, а веќе избрале фирма која треба да направи физибилити студија за приватизација на ренгенот. И сега решил да ја приватизира стерилизацијата. Подготовката стратувала крај на 2019 година, а со истата Заев и Филипче се занимавале во текот на цела 2020 година во ек на пандемија со корона. Процедурата е стигната до таму што на клиниките во рамки на кампусот Мајка Тереза им е доставен договорот што треба да го потпишат со фирмата која ќе ги нуди услугите. Или клиниките се ставени пред свршен чин - еве ви го договорот потпишете. А цените во договорот што владата, преку министерство за здравство го потпишала со фирмата, со која само тие знаат како ја избрале, се четири пати повисоки. Или еден сет чија стерилизација со новиот договор чини нешто повеќе од 16 илјади денара, претходно чинел околу четири илјади денари. Наместо грижа за лекови против корона и набавка на вакцини тие се занимаваат со продажба на јавното здравство. Почитувани, недозволиво е во период на корона пандемија, кога бројката на заболени во земјава се движи кон 100 илјади, а на починати се движи кон 2.800, министерот да се занимава со распродажба на здравството. Сега приоритет број еден е вакцинација, а Филипче не успеа да најде ниту една вакцина. Лошиот менаџмент на корона кризата, немањето вакцини чини човечки животи. За тоа одговрорност мора да има! Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан