• четврток, 26 декември 2024

Лажна е пријавата за наводно поставена експлозивна направа, завршија потребните проверки

Лажна е пријавата за наводно поставена експлозивна направа, завршија потребните проверки
Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска  во 16.15 часот завршија потребните проверки во врска со денешната пријава со закана за поставена експлозивна направа, по добиените пораки на приватни електронски адреси на 14 професори, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
 
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа е извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. нд/са/
 
 
 

Остани поврзан