Лажна дојава за бомба во фабрика во Илинден
- Во СВР Скопје утринава е пријавено дека во фабрика во населбата Илинден е поставена експлозивна направа. По извршените проверки, констатирано е дека станува збор за лажна пријава.

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) – Во СВР Скопје утринава е пријавено дека во фабрика во населбата Илинден е поставена експлозивна направа. По извршените проверки, констатирано е дека станува збор за лажна пријава.
-На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 6 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа, се вели во соопштението на МВР.
Како што посочуваат, веднаш биле упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава.бт/лв/
Фото: МИА Архива