• среда, 27 ноември 2024

Лавров: Целта на Израел да го елиминира Хамас не е реална

Лавров: Целта на Израел да го елиминира Хамас не е реална

Куала Лумпур, 28 јули 2024 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека уништувањето на Хамас е нереална цел за Израел.

Зборувајќи со новинарите за време на посетата на Малезија, Лавров рече дека „на крвопролевањето во Газа не му се гледа крајот“.

„Израел преку Нетанјаху вели дека војната нема да заврши додека Хамас целосно не се искорени. Според мене и многу мои партнери, тоа е нереална мисија. Хамас продолжува да постои и има доволно способности и поддршка, вклучително и во муслиманскиот свет“, рече Лавров.

Рускиот министер оцени и дека „Израел го спречува постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа“ и дека одредени земји се обидуваат да понудат компромиси. Тој смета дека е погрешно да се исклучат Палестинците од тие напори и најави продолжување на помошта за да се обнови палестинското единство. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан