• сабота, 23 ноември 2024

Лавров: Разумна одлуката на патријархот Порфириј за евхаристичко единство на СПЦ со МПЦ-ОА

Лавров: Разумна одлуката на патријархот Порфириј за евхаристичко единство на СПЦ со МПЦ-ОА
Белград, 23 јули 2022 (МИА) –Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров позитивно ја оцени одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква (СПЦ) и Патријархот Порфириј за евхаристичко единство со Македонската Православна Црква-ОА, јави дописникот на МИА од Белград. - Ова (обновување на евхаристиското единство меѓу СПЦ и МПЦ-ОА) го оценувам само позитивно. Мислам дека тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј, изјави Лавров во интервју за руската онлајн ТВ „Наше кино“, пренесуваат белградски Вечерни Новости. Според рускиот министер, „ова е достоен одговор на интригите што ги плете цариградскиот патријарх“. - Тој се обиде засекогаш да го погреба секој однос меѓу другите православни цркви, пред се, српската и македонската. Овој провокативен план е спречен, посочи Лавров. Шефот на руската дипломатија одлуката за обновување на евхаристичкото единство меѓу српската и македонската црква ја нарече мудра. -Со тоа се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство со Руската православна црква, за што ние сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието, заклучи Лавров. об/вг/

Остани поврзан