• понеделник, 16 декември 2024

Лавров и Блинкен разговараа за ситуацијата во Авганистан

Лавров и Блинкен разговараа за ситуацијата во Авганистан
Москва/ Вашингтон, 16 август 2021 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараа за ситуацијата во Авганистан, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во телефонскиот разговор  двајцата дипломати се согласиле да продолжат консултациите со Кина, Пакистан и Обединетите нации, пренесуваат британските медиуми. Шефот на руската дипломатија телефонски разговарал и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли за политичката координација поради ситуацијата во Авганистан и последиците од неа за регионот, соопшти руското МНР. сд/

Остани поврзан