• среда, 21 јануари 2026

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Москва, 20 јануари 2026 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го коментира конфликтот меѓу САД и Европа во врска со иднината на Гренланд доведувајќи го во прашање сегашниот статус на островот како дел од Данска.

Гренланд не е природен дел од скандинавското кралство, изјави тој за новинарите на годишната прес-конференција во Москва.

Тој додаде дека проблемот со поранешните колонијални територии сега станува сè поизразен.

Лавров нагласи дека Москва нема интерес да се меша во прашања поврзани со Гренланд и дека Вашингтон знае оти Русија нема планови да ја преземе контролата врз островот, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој додаде и дека Москва ја следи сериозната геополитичка ситуација поврзана со Гренланд.

НАТО, рече тој, треба да донесе одлука за Гренланд во рамките на самата алијанса. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан