• среда, 25 декември 2024

Лавров во посета на Грција, БиХ и Србија

Лавров во посета на Грција, БиХ и Србија
Москва, 26 август 2020 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска почнува турнеја низ регионов, при што ќе ги посети Грција, БиХ и Србија. Лавров прво ќе допатува во работна посета на Атина, каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, премиерот Киријакос Мицотакис, како и со лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас. На 28 октомври ќе замине во Босна и Херцеговина, каде ќе разговара со членовите на Претседателството на БиХ, одделно со членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, министерот за надворешни работи во Советот на министри на БиХ и со други претставници на босанските власти. Руското МНР претходно соопшти дека тема на разговорите за време на посетата на шефот на руската дипломатија ќе биде натамошниот развој на соработката меѓу БиХ и Русија во областа на политиката, тговијата, економијата и културата, како и хуманитарните прашања. В среда Лавров, исто така, ќе пристигне и во дводневна посета на Србија. - Предвиден е состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ, како и присуство на свеченоста по повод завршување на внатрешното уредување на Храмот Свети Сава и палење на Вечниот оган на гробот на Ослободителите на Белград, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Претходно било соопштено дека Лавров треба да оствари средба и со патријархот Иринеј. Во фокусот на разговорите ќе биде соработката меѓу Русија и Србија, важни меѓународни и регионални прашања, како и ситуацијата во врска со решавањето на косовското прашање. гт/

Остани поврзан