• сабота, 23 ноември 2024

Лавров во посета на Индија

Лавров во посета на Индија
Њу Делхи, 31 март 2022 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вечерва пристигна во Индија, јави Би-Би-Си. Последнава недела Индија ја посетија високи делегации од Кина, Америка, Германија, Јапонија и Мексико. Лавров пристигна во момент кога британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ги заврши состаноците во Њу Делхи. Спорред Би-Би-Си, иако е тешко дека двајцата дипломати „ќе налетаат еден на друг“, фактот што и двајцата се таму во исто време е показател дека Индија „ја облетуваат од сите страни“. Њу Делхи остана неутрален во однос на Украина. Индискиот премиер Нарендра Моди повика на прекин на насилството, но не ги осуди постапките на Русија. На утрешните состаноци со Лавров се очекува да се разговара за тоа како Индија може да купи поевтина нафта од Русија, користејќи систем за плаќање што нема да ги прекрши прописите за санкции. Но, американскиот заменик-советник за национална безбедност Делип Синг, кој денеска исто така беше во посета на Делхи, предупреди дека ќе има „последица за земјите кои активно се обидуваат да ги заобиколат или избегнат санкциите“. јт/  

Остани поврзан