• вторник, 24 декември 2024

Лавина од кал и камења затрупа пат во Колумбија, најмалку 18 мртви

Лавина од кал и камења затрупа пат во Колумбија, најмалку 18 мртви

Меделин, 13 јануари 2024 (МИА) – Голема природна катастрофа се случи вчера во северозападна Колумбија откако дел од планина се откина по обилните дождови и се свлече врз еден пат, предизвикувајќи смрт на најмалку 18 лица, додека други 30 се повредени. До лизгање на земјиштето во близина на градот Кармен де Атрато.

Локалните спасувачи очекуваат бројот на загинати и повредени да се зголеми.

Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека возила чекале на фрекфентен пат што ги поврзува градовите Меделин и Квибдо, јавуваат колумбиските медиуми. 

Луѓето останаа заробени во своите автомобили под лавината од кал и камења што се урнаа врз нив.

Снимка од драматичниот момент, објавена на социјалните мрежи, покажува дека лицата во возилата немале шанса да избегаат.

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека владата ќе ја обезбеди сета неопходна поддршка, опишувајќи го настанот на социјалните мрежи како „страшна трагедија“.

Хаиме Херера, градоначалникот на Кармен де Атрата, изјави за локалната телевизија дека се верува дека некои луѓе сè уште се заробени под одронот.

Надлежните најавија дека ќе почнат операција за потрага по исчезнатите. 

Министерството за одбрана известува за големи врнежи од дожд во областа, што ги отежнува спасувачките операции.сд/

фото:Х

Остани поврзан