• петок, 05 декември 2025

Лабудовиќ: Центарци знаат што сакаат - време е за промени

Лабудовиќ: Центарци знаат што сакаат - време е за промени

17 октомври 2025

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од кампањата им се обрати на своите сограѓани, упатувајќи повик за излезност и избор на промени во недела, се наведува во соопштението од ЗНАМ, кое МИА го објавува интегрално.

„Ви се обраќам со срце исполнето со благодарност, одговорност и верба дека Центар може повторно да блесне,“ истакна Лабудовиќ.

„Ова не е само повик за избори - ова е повик за промена, надеж и иднина што ќе ја создадеме заедно. Центар не е само општина - тоа е нашето срце. Стојам пред вас со јасна визија за тоа во каква општина сакаме да живееме. Јас сум човек кој сака да направи промена - со знаење, тим и искреност. Не ветувам невозможни работи. Ветувам посветеност, план и резултати. Ветувам дека секој проект, секоја идеја и секоја промена ќе има една цел - подобар живот за сите нас“, нагласи Лабудовиќ.

Тој потсети дека програмата е создадена со една јасна мисла - да се изгради Центар што е почист, поуреден, позелен и похуман. „Да создадеме општина што дише, што се грижи, што инспирира,“ додаде тој.

„Ова не е само моја визија – ова е наша заедничка задача. Верувам во заедништвото. Верувам во секој од вас што верува дека Центар може подобро. Затоа, ве повикувам: Излезете и гласајте за нова енергија, за чесност, за визија што се гледа во дела. На гласачкото ливче заокружете број 2 – за Центар што заслужува луѓе со срце, визија и дело. За Центар што повторно ќе блесне, порача Лабудовиќ.

 

Линк до видео изјава:

https://www.swisstransfer.com/d/d10aa7de-90c3-4f52-bce8-4b90e8d5236e

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан