• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лабораторија за производни технологии и процеси на Машинскиот факултет отстапена од ЛТХ Леарница Охрид

Лабораторија за производни технологии и процеси  на Машинскиот факултет отстапена од ЛТХ Леарница Охрид

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира настан по повод модернизација и опремување на Лабораторијата за производни технологии и процеси со нова опрема, којашто на трајно користење му е отстапена од компанијата ЛТХ Леарница Охрид.

Отстапувањето на индустриска опрема за лабораторијата од страна на ЛТХ Леарница Охрид е донација во вредност од 72 илјади евра и е во насока на унапредување на практичната настава за студентите.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, деканот на Машинскиот факултет, Златко Петрески, и претставник на ЛТХ Леарница - Охрид. хс/лв/

Фото: ФБ Машински факултет на УКИМ 

Остани поврзан