• петок, 05 декември 2025

Кјелини косопственик на Лос Анџелес

Кјелини косопственик на Лос Анџелес

 

Лос Анџелес, 9 јули 2025 (МИА) – Поранешниот италијански репрезентативец Џорџо Кјелини стана косопственик на фудбалскиот клуб Лос Анџелес.

Киелини во текот на својата кариера стана клупска легенда на Јувентус чиј дрес го носеше 18 сезони, по што во 2022 година се пресели во МЛС лигашот Лос Анџелес, каде една година подоцна ја заврши кариерата.

Изминатата сезона Кјелини беше тренер во развојниот тим на американскиот клуб.

„Приклучувањето кон сопственичката група на ЛА е голема чест за мене. Кога дојдов пред три години како играч, веднаш почувствував нешто посебно во врска со клубот. Тоа е амбициозна организација, изградена од извонредни луѓе и поддржана од заедница која ве тера да се чувствувате како дома. Затоа ја изразив мојата желба да станам сопственик минатата година и сега сум горд што поддржувам проект во кој длабоко верувам“, рече Кјелини

Еден од најдобрите дефанзивци во светот во текот на неговата 23-годишна кариера, Кјелини, меѓу другото, освои девет последователни шампионски титули во Серија А со Јувентус, како и титулата на Европското првенство во 2021 година со италијанската репрезентација. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан