• вторник, 24 декември 2024

КХВ донесе решение со кое потврдува дека преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка е неуспешно

КХВ донесе решение со кое потврдува дека преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка е неуспешно

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје е неуспешно. Комисијата за хартии од вредност денска донесе решение со кое утврдува дека понудата на Комерцијална банка се преземање на акции од Стопанска банка е неуспешна. 

- Ова решение КХВ го донесе откако согласно член 47 став 3 од Законот за преземање на акционерски друштва, преземачот Комерцијална банка АД Скопје, до Комисијата достави Известување за исходот во кое се наведува дека понудата за преземање била прифатена од 149 сопственици на обични акции со право на глас во Стопанска банка АД Битола, кои поседуваат 176.154 обични акции односно 45,0548 проценти од вкупниот број на издадени акции со право на глас од страна на Стопанска банка АД Битола, со што  утврдениот праг на успешност од 67 проценти плус една акција не е постигнат  и  понудата за преземање на обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје се смета за неуспешна, се наведува во соопштението од КХВ.

Комерцијална банка објави јавна понуда за преземање на Стопанска банка Битола. Понудената цена беше 3.200 денари по акција, а прагот на успешност 67 проценти плус една акција од вкупно издадените акции. Рокот за изјаснување на акционерите беше заклучно со 22 септември.

На седницата на КХВ одржана денеска, издадени се 22 дозволи за работење на инвестициски агент. - Дозволата престанува  да важи во моментот кога лицатa ќе го раскинат договорот за продажба на удели со Друштвото ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, со што лицата ќе бидат избришани од регистарот на инвестициски агенти, велат од КХВ. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан