• сабота, 05 октомври 2024

КФОР од денеска спроведува заедничка воена вежба со 300 војници од Велика Британија

КФОР од денеска спроведува заедничка воена вежба со 300 војници од Велика Британија

Приштина, 18 септември 2024 (МИА) - Од денеска до почетокот на октомври КФОР ќе спроведе заедничка вежба со контингент од 300 војници од кралскиот јоркширски полк на Велика Британија, кој е привремено стациониран на Косово, како и серија заеднички вежби со други војници во рамките на мисијата.

„Целта на вежбата е да се тестираат постојните процедури за слетување на дополнителни војници и нивна интеграција во мисијата на КФОР. Вежбата ја поддржува подготвеноста на КФОР да одговори на релевантните безбедносни настани со цел да се обезбеди континуирано спроведување на нашиот мандат, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, да придонесе за безбедна средина за сите луѓе и заедници кои живеат на Косово и слобода на движење во секое време и на непристрасен начин“, соопшти КФОР.

Во соопштението се наведува дека по вежбата, контингентот на кралскиот јоркширски полк ќе се врати во Обединетото Кралство.

„КФОР ќе ги преземе сите мерки за ублажување на ефектите врз патниот сообраќај, кои може да се очекуваат како резултат на движењето на воениот персонал и возилата пред и за време на вежбите“, се наведува во соопштението.сд/

фото:НАТО/КФОР

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан