Куќа уништена од удар на гром во охридското село Ливоишта
- Куќа изгоре во пожар што вечерва избувна во охридското село Ливоишта.

Охрид, 1 март 2023 (МИА) - Куќа изгоре во пожар што вечерва избувна во охридското село Ливоишта.
На лице место интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и екипи на Доброволното противпожарно друштво од Дебрца, кои успеаја да го изгаснат пожарот, но објектот е речиси целосно уништен.
Според очевидци од селото, причината за пожарот е удар на гром. аб/сп/
Фото: ТППЕ - Охрид