• среда, 25 декември 2024

Кучка посвои две напуштени лавчиња

Кучка посвои две напуштени лавчиња
Владивосток, 17 ноември 2020 (МИА) - Во паркот „Бел лав“ во Владивосток, Русија, женка германски овчар одгледува две лавчиња, коишто биле напуштени од нивната мајка. Тоа го објави и самиот парк на службениот Инстаграм-профил. Како што се вели во соопштението, „апсолутно е уникатно што новата мајка - кучката Сандра ги посвои малечките“. Младенчињата сега се стари два месеца, и се во добра здравствена состојба. Лавицата Сирона ги роди лавчињата - едно машко и едно женско во септември, а потоа ги напушти. Осумгодишната Сандра има и свое кутре. Лавчињата се крстени Сандра и Вектор. си/ссм/

Тагови

Остани поврзан