Кучето Ози – новиот светски рекордер со најдолг јазик
- Сопствениците на Ози изјавија дека се воодушевени од неговиот успех и дека признавањето за ова достигнување им претставува голема чест
Скопје, 11 декември 2025 (МИА) - Кучето Ози, од Оклахома Сити го собори Гинисовиот светски рекорд и беше прогласено за куче со најдолгиот јазик на светот.
Должината на неговиот јазик изнесува19,89 сантиметри, со што значително го надмина претходниот рекордер, боксерот Роки, чиј јазик беше долг 13,88 сантиметри.
Кучето Ози Ози е мешавина од мастиф.
Сопствениците на Ози изјавија дека се воодушевени од неговиот успех и дека признавањето за ова достигнување им претставува голема чест. мв/ми/
Фото: Икс