• сабота, 27 јули 2024

Курц реизбран за лидер на ОВП

Курц реизбран за лидер на ОВП
Виена, 29 август 2021 (МИА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера е реизбран за лидер на конзервативната Австриска народна партија (ОВП). Курц беше единствен кандидат и доби 99,4 отсто од гласовите на делегатите, додека кога првпат беше избран за партиски лидер во 2017 година гласаа 98,7 проценти од делегатите. Триесет и петгодишниот австриски канцелар во својот говор истакна дека е цел на политичката опозиција и се претстави како противник на миграцијата и застапник на силна политика за интеграција. Курц се осврна и на истрагата што се води против него поради наводно лажната изјава што ја дал во собраниската комисија во истрагата за корупција. - Овие обвинувања се резултат на се поагресивното противење, посочи Курц. Тој вети дека ОВП ќе продолжи да води политика за ограничување на миграцијата. - За демократија, клучно е кој живее овде и во што веруваат луѓето... Земјата не може да прими повеќе луѓе отколку што може да се интегрира, посочи Курц. Ставот на ОВП за миграцијата и нејзиното одбивање да прифати бегалци од Авганистан кои бегаат од талибанците предизвикуваат зголемени тензии со Зелените, партнер во австриската владејачка коалиција. ми/

Остани поврзан