Курц бара од ЕУ да воведе ковид-пасош
- Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред денешниот Самит на Европска Унија побара воведување европски пасош за вакцинираните лица против Ковид-19

Виена, 25 февруари 2021 (МИА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред денешниот Самит на Европска Унија побара воведување европски пасош за вакцинираните лица против Ковид-19.
- Сакаме што е можно побрзо да се вратиме на нормалноста и на максималната слобода. Се додека постои пандемијата и вирусот тоа е можно само ако имаме мерки на заштита, дали преку вакцинација или тестови, истакна Курц.
Тој додаде дека е потребен европски пасош за вакцинираните лице, со што ќе се овозможи слободно движење.
Курц најави дека иницијативата за европски ковид-пасош ќе ја претатви на Самитот на ЕУ и оти има голем број на сојузници, пред се од туристичките држави Грција, Кипар и Малта, потоа од балтичките дрќави, но и од Шпанија, Хрватска и Словачка.
Додека Германија, Белгија, Холандија и Франција не сакаат брзи одлуки за ковид-пасошот.
Таков пасош веќе има Израел. ми/