• среда, 25 декември 2024

Курти го разреши советникот, кој изјави дека ОВК вршела злосторства

Курти го разреши советникот, кој изјави дека ОВК вршела злосторства

Приштина, 25 април 2020 (МИА) - Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти го разреши денеска својот советник Шкељзен Гаши, чија вчерашна изјава дека Ослободителната војска на Косово (ОВК) вршела злосторства врз цивили предизвика бројни реакции во косовската јавност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на својот профил на Фејсбук напиша дека „некои вчерашни изјави (на Гаши) имаат деконцентрирачки последици врз добрата работа на владата во оставка“.

- Сметам дека е подобро дебата во која се инволвира да не ја води од позицијата на мој советник, напиша Курти.

Гаши синоќа за телевизијата Т7 изјави дека одредени припадници на ОВК се одговорни за смртта на илјада српски и други цивили во војната во Косово во 1998-99 година.

Изјавата на Гаши наиде на остри осуди, меѓу другите, од бројни поранешни припадници на ОВК и претставници на опозициските партии, но и од повеќе членови на партијата Движење Самоопределување на Курти. иа/ми/

Остани поврзан