• сабота, 23 ноември 2024

Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки

Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки

Приштина, 2 мај 2024 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово ги исполнило сите барања на Европската унија за укинување на рестриктивните мерки што му беа наметнати и дека треба да бидат отстранети.

„Мерките што се во сила против Косово се спротивни на напорите на регионот за забрзана интеграција во ЕУ. Продолжуваме со нашите напори да отвориме повеќе можности во рамките на реформскиот дијалог на ЕУ. Во овој контекст, ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки и тие мора да се отстранат“, рече Курти на состанокот на Министерскиот совет за европска интеграција на Косово.

Тој изрази уверување дека Косово е подготвено да добие статус на кандидат за членство во ЕУ и да отвори преговори и многу поглавја кон членство.

На состанокот на Министерскиот совет за евроинтеграции се разговарало за планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, како и за клучните реформи на Националната програма за европска интеграција од 2024 до 2028 година, јави Бета. паг/

Фото: ЕПА
 

 
 

 

 

Остани поврзан