• недела, 22 декември 2024

Куомо: Со легализација на марихуаната ќе се создадат 60.000 нови работни места

Куомо: Со легализација на марихуаната ќе се создадат 60.000 нови работни места
Њујорк, 13 јануари 2021 (МИА) - Гувернерот на државата Њујорк Ендру Куомо го претстави својот план за легализација на марихуаната за рекреативна употреба во 2021 година. Според неговата идеја, легализацијата на марихуаната ќе создаде 60.000 нови работни места во државата Њујорк, прометот ќе биде 3,5 милијарди долари, а Њујорк годишно ќе заработува 300 милиони долари од данок, објави „Фокс бизнис“. Во текстот се наведува дека Канцеларијата за контрола на канабис, според предлогот на Куомо, би поставила стандарди дозволувајќи употреба на ова растение на лица постари од 21 година, а ќе се посвети внимание на квалитетот, безбедноста, пакувањето, етикетите, рекламирањето и тестирањето на производите од канабис. На тој начин Њујорк ќе се приклучи на уште 15 други американски држави во кои е дозволена марихуана за рекреативни цели. паг/    

Остани поврзан