• среда, 27 ноември 2024

Куомо ги повикува демонстрантите да се тестираат на коронавирус

Куомо ги повикува демонстрантите да се тестираат на коронавирус
Њујорк, 4 јуни 2020 (МИА) - Илјадниците луѓе кои протестираат против смртта на Џорџ Флојд имаат „граѓанска должност“ да се тестираат за коронавирусот и да му помогнат на Њујорк да избегне скок на бројот на нови случаи, изјави гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо. Се зголемува стравот дека неколкудневните протести во САД, со голем број демонстранти кои понекогаш немаа заштитни маски на лицето, може да доведат до зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, пишуваат американските медиуми. - Ако бевте на протестот, дојдете на тестирање, ве молам. Демонстрантите имаат и за ова граѓанска должност. Бидете одговорни, тестирајте се, рече Куомо на прес-конференција. ссм/

Остани поврзан