Кунде ќе го пропушти реваншот против Интер во Лигата на шампионите
- Дефанзивецот на Барселона Жил Кунде синоќа ја повреди тетивата на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер (3:3) и нема да може да учествува на реваншот.

Барселона, 1 мај 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона Жил Кунде синоќа ја повреди тетивата на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер (3:3) и нема да може да учествува на реваншот.
Во 42. минута од натпреварот Кунде се повреди и беше заменет. Реваншот меѓу Барселона и Интер ќе се одигра во Милано на 6 мај.
Актуелен освојувач на Лигата на шампионите е Реал Мадрид. Во финалето од минатата сезона ја победи Борусија со 2:0. зс/
Фото: ЕПА