• вторник, 24 декември 2024

Куман може да го замени Ван Гал како селектор на Холандија

Куман може да го замени Ван Гал како селектор на Холандија
Амстердам, 21 март 2022 (МИА) - Роналд Куман е во преговори со Фудбалската асоцијација на Холандија за враќање во националниот тим, соопштува „НОС“. Педесет и деветгодишниот тренер веќе ја водеше репрезентацијата од 2018 до 2020 година, по што ја презема Барселона. Од каталонскиот тим Куман беше отпуштен во октомври 2021 година. Договорот на актуелниот селектор на холандската репрезентација Луј ван Гал е до крајот на оваа година, а најверојатно Куман ќе ја води репрезентацијата по Светското првенство во 2022 година, кое од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар. Под водство на Куман, холандската репрезентација се пласираше во финалето на Лигата на нации во летото 2019 година. Во финалниот натпревар „лалињата“ загубија од Португалија со 1:0. зс/

Остани поврзан