• сабота, 12 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кумановци бараат санкции за несовесните граѓани кои палат отпад на отворено и стрништа во околината

Кумановци бараат санкции за несовесните граѓани кои палат отпад на отворено и стрништа во околината

Куманово, 10 март 2025 (МИА) - Кумановци бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено, како и проактивно дејстување на надлежните институции. Викендов Куманово беше најзагаден град во земјата. Мерењата на станицата на Министерството за животна средина и просторно планирање покажаа пет пати повисоко ниво од дозволеното на штетните честички во воздухот.

Регионалниот центар за управување со кризи пренесе информација дека кај нив се јавил граѓанин кој пријавил високо ниво на аерозагадување. Непријатниот мирис на запалени гуми, пластика и хемикалија, како што пренесе информација, РЦУК  се чувствувале во поширокото централно градско подрачје.

Викендов имало и десет пожари на отворено во околината на Куманово и на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Според истражувањата изработени преку проект во Куманово дефинирани се шест извори на загадување согорувањето на биомаса, сообраќајот, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли.

Лекарите од Куманово во неколку наврати информираа деке е зголемен бројот на пациенти по различни оддели, сè поголем бројот на пациенти кои се жалат на тегоби предизвикани од аерозагадувањето, отежнато дишење, тежина во градите, сува кашлица. Тие препорачуваат прошетки на отворено само доколку се забележи намалување на аерозагадувањето, оние кои имаат можност да набават прочистувачи за внатрешен престој.

Куманово за мерки против аерозагадувањето одвојува најмногу средства во државата. Како долгорочни се сметаат гасификацијата и пошумувањето. Општина Куманово, годинава субвенционира набавка на инвертер клими, а продолжува и субвенционирањето на приклучокот кон гасификациската мрежа. Изминатиов период преку проекти беа засадени висококвалитетни садници на различни локации, а воведен е и бесплатен градски превоз. ам/дма/


Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан