• понеделник, 23 декември 2024

Кумановската подружница на „Национални шуми“ пошумува на површина во атар на село Степанце над Кокино

Кумановската подружница на „Национални шуми“ пошумува на површина во атар на село Степанце над Кокино

Куманово, 20 ноември 2024 (МИА) - Екипите на кумановската подружница на „Национални шуми“ пошумуваат на површина во атар на село Степанце, над Кокино, соопштија денеска надлежните од подружницата. Годинава и заинтересираноста на граѓаните е на високо ниво, во акциите ќе се вклучат планинарските друштва од Куманово, извидници. Пошумувањето се одвива на површина која во 2021 година беше опожарена. Предвидено е да се пошуми површина од 51 хектар. Во 2021 година изгоре висококвалитетна шума во пожарот кој беснееше неколку дена.

- Пошумувањето е веќе започнато вработените на подружницата Куманово интензивно работат на пошумување. Оваа година има голема заинтересираност и од граѓаните, да ни помогнат. Под надзор на вработените наредниот период ќе пошумуваат повеќе планинарски друштва од општина Куманово како и волонтерите од „Боренка“. На површината во 2021 изгоре поголема количина на бор, така што ќе се пошумува со истиот вид на дрво, црн и бело бор, изјави раководител-директор на подружницата, Катица Станковска Ристовска.

Како што појаснуваат надлежните од кумановската подружница, за да се пошуми површина која била опожарена мора да поминат две години. Површините кои летово беа зафатени од пожар ќе се пошумуваат наредните години.

- Садниците со кои ќе се пошумуваат се произведени во расадникот со кој располага подружницата. Наредната година имаме план за драстично зголемување на производството на садници наменети за пошумување, изјави Станковска Ристовска. ам/дма/


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан