Кумановската болница целосно гасифицирана
- Завршена е гасификацијата на Општата болница во Куманово, со што оваа здравствена установа целосно се загрева на природен гас. Со реализацијата на овој проект се намалува аерозагадувањето, би

Куманово, 20 април 2022 (МИА) - Завршена е гасификацијата на Општата болница во Куманово, со што оваа здравствена установа целосно се загрева на природен гас. Со реализацијата на овој проект се намалува аерозагадувањето, бидејќи до неодамна болницата се грееше на мазут.
- Системот е централно поврзан, многу е важен за понатамошниот тек на инвестиции кои ги планираме во сите здравствени установи. Ова е пилот-проект и сметам дека ќе послужи како модел за другите болници, изјави министерот за здравство Беким Сали, кој денеска ја посети оваа здравствена институција.
Според Сали, финансиските средства што ќе се заштедат од еколошкиот начин на загревање, може да се пренаменат за други проекти значајни за жителите на Североисточниот регион.
- Во комуникација сме со сите директори. Изминатиот период однесовме компјутерска томографија којашто е важна за рана дијагностика на болести. Колку порано дијагностицираме, толку порано и лекуваме. Ова е многу важно за здравјето на секој жител. Посакувам вакви проекти да имаме во сите здравствени установи и да ја вратиме довербата во севкупниот здравствен систем, рече Сали.
