• вторник, 24 декември 2024

Куманово ќе работи на унапредување на женско претприемништво

Куманово ќе работи на унапредување на женско претприемништво
Куманово, 22 јуни 2022 (МИА) - Куманово ќе ги поддржи граѓанските организации кои застапуваат женско претприемништво, информираа денеска надлежните од општината.
Претседателката и членови на Советот на Општина Куманово се сретнаа со претставници на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, кој го спроведуваат Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Северна Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување.
- Целта на состанокот е детално запознавање со компонентите на проектот, како и заедничко планирање и иницијални технички подготовки за претстојни активности. Проектот се залага за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, со цел застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа, која ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа, известија од општина Куманово. На средбата присуствуваа Валентина Дисоска-менаџер на проектот и претседател на „Национална платформа за женско претприемништво“, Емилија Андонова-координатор на Фондација за менаџмент и индустриско истражување Дивна Јанкова локален координатор на североисточен регион во рамките на оваа платформа. ам/ки/

Остани поврзан