• среда, 25 декември 2024

Куманово објави конкурс за избор на сувенир на град

Куманово објави конкурс за избор на сувенир на град
Куманово, 5 ноември 2022 (МИА)-Општина Куманово распиша конкурс за избор за најдобар сувенир на градот, соопштија денеска од општината. Заинтересираните можат да се пријават со изработените трудови до 23 ноември, годинава.
-Општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција. Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде прилагоден за масовно производство и туристичка промоција. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот и можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други. Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за изработка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени. Крајниот рок за доставување на трудови е 23 ноември. Наградата е една и изнесува 100.000, денари без ДДВ и ќе биде поделена на два дела, првиот од 30.000, денари ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд, вториот дел од наградата, ќе се користи за производство на одреден количина. Комисија ќе одлучува за избор на сувенир во рок од 15 дена, а доколку не се пријави ниту еден кандидат, тогаш конкурсот се поништува и ќе биде објавен нов. Конкурсот е достапен на веб страницата на општината.ам/ир

Остани поврзан