• сабота, 23 ноември 2024

Куманово испрати опомени за неплатени обврски по основ на данок на имот и за назив на деловна просторија

Куманово испрати опомени за неплатени обврски по основ на данок на имот и за назив на деловна просторија

Куманово, 18 јануари 2023 (МИА) – Секторот за даноци и такси при Општина Куманово ги достави опомените за неплатени обврски по основ на данок на имот и за фирмарина и денеска повика обврзниците да ги платат. Во информацијата се наведува дека доколку обврзниците не ги раздолжат обврските во рок од осум дена ќе следи присилна наплата.

Од Секторот информираа и ги известија правните лица, даночни обврзници по основ данок на имот за правни лица како и сите обврзници на комунална такса по основ назив на деловна просторија дека е завршена дистрибуција на опомени за неплатени обврски по основ данок на имот за правни лица за 2022 и комуналана такса за назив на деловна просторија за 2022 година.

– Доколку даночните обврзници не постапат согласно наведеното во опомената, односно не го платат даночниот долг и долгот по основ комунална такса во рок од осум дека од денот на доставување на опомената на последната адреса што ја имаат пријавено кај нас, ќе се пристапи кон генерирање на решение за присилна наплата согласно член 55 од Закон за даноците на имот, односно ќе се постапи согласно член 73 од истиот закон и ќе се донесе решение за забрана на користење на средства на даночниот обврзник од неговите сметки кај носителите на платниот промет, велат од секторот.

Оттаму посочуваат дека даночните обврзници и физички и правни лица можат да ги плаќаат обврските и на системот на новата платформа за електронска наплата enaplata.kumanovo.gov.mk.

– Со регистрација на е-пошта и со внесување на матичен број за физички лица и даночен број за правни лица се генерираат обврските со кои располагаат даночните обврзници и по број на решенија субјектите ќе имаат увид во целокупниот долг со кој располагаат. Сектор за даноци и такси и Општина Куманово ве охрабрува да ја користите новата алатка – системот за електронска наплата, повикаа од Секторот за даноци и такси при Општина Куманово.ам/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан