• вторник, 24 декември 2024

Куманово ќе реконструира две улици во село Пчиња

Куманово ќе реконструира две улици во село Пчиња
Куманово, 10 јуни 2022 (МИА) - Општина Куманово ќе ги реконструира улиците „1“ и „2“ во село Пчиња, соошштија денеска надлежните.
Како што се наведува на веб-страната на Бирото за јавни набавки, за реконструкцијата на двете коловозни ленти Куманово ќе одвои 3.158.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.
 На тендерот се пријавиле осум компании од државата. Највисоката добиена понуда е 5.408.550 денари, најаниската е 2.515.614 илјади денари. На тендерот избрана е кумановската компанија „Кооп Инженеринг доо“. Избраната компанија ќе мора да ја заврши градежната активност на терен во рок од 90 дена.
Претходно заврши изградбата на спортското игралиште во ова село. Игралиштето има ограда, асфалтната подлога поставена тартан подлога, голови и кошеви. Општината инвестираше и 1, 2 милиони денари за адаптација на училишната зграда во село Пчиња во која настава следат 65 ученика.ам/бк/

Остани поврзан