Куманово вторпат поразен од Академик во БИБЛ лигата
- Екипата на Куманово претрпе вечерва убедлив пораз на гостувањето во Пловдив од Академик со 96:68 со што ги сведе на теорија шансите за пласман на завршниот турнир во регионалната кошаркарска
Пловдив, 17 март 2021 (МИА) – Екипата на Куманово претрпе вечерва убедлив пораз на гостувањето во Пловдив од Академик со 96:68 со што ги сведе на теорија шансите за пласман на завршниот турнир во регионалната кошаркарска БИБЛ лига.
Македонскиот тим во текот на целиот натпревар беше резултатски инфериорен, претрпувајќи го на крајот вториот пораз од Академик, откако пред две недели загуби на домашен терен во Куманово од истиот противник со 87:70.
Најефикасен во редовите на Куманово вечерва беше Гекиќ со 12 поени, додека Андрејевиќ постигна десет кошеви.
Последниот меч од групната фаза Куманово го игра на 2. април во Халон против израелската екипа Хапоел, која на првиот натпревар победи со 83:74.
За пласман на завршниот турнир во овогодишното издание на БИБЛ лигата на кошаркарите на Куманово ќе им биде потребна победа со најмалку десет поени разлика на гостувањето во Халон, како у два порази на израелскиот тим во пресметките со Академик. ег/ки