• понеделник, 26 август 2024

Кулушевски за Конте: Никогаш не сум сретнал толку амбициозна личност во мојот живот

Кулушевски за Конте: Никогаш не сум сретнал толку амбициозна личност во мојот живот
Лондон, 26 септември 2022 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Дејан Кулушевски го сподели своето мислење за тренерот на клубот Антонио Конте. - Многу сум среќен што работам под Антонио Конте. Никогаш во животот не сум сретнал, дури и надвор од фудбалот, таква личност која е одлучна да ја исполни целта. Конте е еден. Кога зборува со вас, неизбежно продира во вашето срцето, го цитира Кулушевски „Гол“. Дваесет и двегодишниот Швеѓанец му се приклучи на Тотенхем од Јувентус во јануари 2022 година на позајмица. Договорот со напаѓачот е со важност до јуни 2023 година. Кулушевски оваа сезона одигра девет натпревари за Спарс, постигнува еден гол и три  асистенции во сите натпреварувања. зс/

Остани поврзан