• четврток, 29 август 2024

Кулибали второ засилување на Челзи

Кулибали второ засилување на Челзи
Лондон, 16 јули 2022 (МИА) - Калиду Кулибали е новото засилување на Челзи, откако клубот утрово објави дека тој е вториот играч кој се приклучува на „сините“ ова лето. Дефанзивецот пристигнува од Наполи со потпишување на четиригодишен договор на „Стемфорд Бриџ“. - Кулибали, меѓународен колега на Едуар Менди, значително ќе ги зајакне нашите одбранбени опции по заминувањето на Тони Рудигер и Андреас Кристенсен, велат од клубот. Капитенот на Сенегал изјави дека неговиот сон секогаш бил да игра во Премиер лигата. - Челзи е голем тим и мојот сон секогаш беше да играм во Премиер лигата. Тие и прехтодно ме бараа во 2016 година, но, не се договоривме. Кога дојдоа кај мене повторно, прифатив бидејќи навистина сакаа да дојдам во Премиер лигата да играм за нив. Моите добри пријатели Еду и Јоргињо ми го олеснија изборот, па навистина сум среќен што сум тука денес, изјави тој. Кулибали е второто големо засилување на Челзи ова лето, откако неодамна беше официјализиран трансферот на Рахим Стерлинг. ар/бк/

Остани поврзан