• вторник, 24 декември 2024

Кулеба: Украина се засити од специјални решенија за интеграција во ЕУ

Кулеба: Украина се засити од специјални решенија за интеграција во ЕУ
Киев, 30 мај 2022 (МИА) - Украина се засити од „специјални решенија“ и од одвоени модели за интеграција во Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи на таа земја Дмитро Кулеба.
„Потребна ни е јасна правна потврда дека Украина е дел од проектот за европска интеграција, а таквата потврда би било давање кандидатски статус“, порача Кулеба по состанокот со француската колешка Катрин Колона во Киев. паг/
   

Остани поврзан